По информацијата дека автобустите на скопското ЈСП повотрно возат редуцирано и се враќаат во гаражите, премиерот Христијан Мицкоски рече дека за проблемот разбрал непосредно пред попладневната прес конференција. Претходно од сидникатот на ЈСП соопштија дека има недостиг на гориво, поради што автобусите возат редуцирано. Мандатот на в.д. директорот Драги Кушовски заврши пред два дена, а нов не е назначен.
Премиерот Мицкоски беше прашан дали ќе интервенира Владата со нови количини гориво од стоковите резерви, со цел Скопје да не биде паралазиран.
-Нема такво барање од Град Скопје. Како што разбрав, раководството на ЈСП не доаѓа на работа, административен е проблемот. Апелирам до раководството и Град Скопје да ги надминат меѓусебните недоразбирања. Ние уште веднаш ќе префрлиме 120 милиони денари на ЈСП (за одобрениот бесплатен превоз на студентите н.з.), оваа недела ќе ги добијат парите, одговори Мицкоски.
Премиерот рече дека нема законски можности централната власт да интервенира во работењето на Град Скопје и јавните претпријатија и не гледа начин како може да се помогне.