Дека не секогаш гените играат улога најголем доказ е Теа Атанасов(10) од Скопје, која од пет години слика како возрасна, а не потекнува од уметничко семејство, односно во нејзиното семејство досега никој немал ниту талент ниту афинитети кон цртање.
Теа, која е петто одделение, а која не само што слика, туку и разговара како возрасна ни откри од каде и е се родила желбата за сликање, дека во школо сите и се петки и дека и покрај обврските наоѓа време да посетува курсеви по јазици, да слуша музика и да се дружи со другарките.

-Почнав од пет години и многу ми се допадна цртањето. Прво почнав да цртам на лист. Гледав на Јутјуб како се црта и многу ми се допадна. Некогаш така замислено сама почнав да цртам, а потоа моите родители ме праќаа на часови кај професорка, вели Теа.

Иако има само 10 години досега имала две изложби, едната лани во јуни, а другата пред две недели. Луѓето кои ги посетиле изложбите се чуделе како може дете од 10 години вака да црта.

-Најмногу сакам да цртам природа и портрети. Имам повеќе слики на кои сум горда, но најмногуна една голема слика со природа. Цртам секогаш кога имам време, но најмногу за викенд или за распуст. На почетокот цртав на хартија, но подоцна добив бои и почнав да сликам на платно. Досега имам околу 15 слики на платно, раскажа Теа.

Теа не само што е талентирана, туку е и умно девојче, ги слуша родителите и помага дома. Сака да биде и програмер, а сликањето да и биде љубов.

-Кога ќе седнам да цртам прво си замислувам, но понекогаш и некоја слика ќе ми се допадне на интернет и ќе ја нацртам. Некогаш си замислува некои луѓе и цртам портрети. Ги сакам Ван Гог и Леонардо да Винчи. Покрај сликањето сакам бидам и програмер, а цртањето да ми биде хоби. Некогаш цртам со молив, а некогаш со бои. Моето сликање е реализам ама сакам да правам слики како Пикасо и некој тежок и сложен портрет, вели таа.

Теа е одлична ученичка, сите и се петки. Сака музика, слуша поп или некоја смирена музика. Сака да ги слуша „Колдплеј“, а учи и јазици. Англискиот веќе го има совладано,а сега посетува курс по германски јазик. Нејзиниот талент за сликање досега го виделе и надвор од Македонија, каде учествувала на мегународни натпревари.

-Се радувам што го нацртав моето школо, а досега освоив три награди, две меѓународни во Русија и една училишна. Две години вежбав со професорката Егорова, а од лани почнав да вежбам со Елена Галика. Од нив научив многу, додава Теа.

Од талентот и умешноста на Теа се изненадени и родителите, чии професии не се уметнички. Но, Теа и нејзината сестра Ева, која сака да танцува и пее, се уметнички души.


