Регионалниот ЦУК (РЦУК) Прилеп извести дека вчера во 15.20 часот, преку 112 од Управа на манастирот „Св. Ѓорѓија“ од Прилеп е пријавено дека патниот правец кон манастирот во должина од два километра е со навеви од снег и бил непрооден. Во манастирот во тој момент се наоѓале две лица кои не можеле пеш да се симнат, односно да се вратат до патот Прилеп – Велес за да бидат пренесени во градот. Лицата немале лекови за редовна медицинска терапија. Но, по комуникацијата на дежурните од ЦУК со одговорните на ЈП за одржување на магистрални и регионални патни правци на пунктот за Прилеп, прво е речено дека вчера машина чистела до месноста „Каменлом“ и машината била замината на расчистување другите патни правци. До ЦУК информирале, во прво време, дека поради доцно пријавување и настапување на ноќта расчистувањето ќе се продолжи во текот на утрешниот ден. Двете лица во тој момент се наоѓале во манастирот. Доцна попладнето, од страна на РЦУК Прилеп биле известени надлежни институции од Системот за управување со кризи (СУК) и било договорено дека од претпријатието „Фирмер Балкан“ (популарно познато како „Турски рудник’) ќе испратат багер и за 15 минути ќе почнат со расчистување на патот, информираат од ЦУК и додаваат:
– Првично, се проценуваше дека патот во вечерните часови ќе биде расчистен и лицата ќе бидат пренесени во Прилеп, што било и така. Конкретно, сношти, со помош на багерот од фирмата „Фирмер Балкан“ патот кон манастирот „Св.Ѓорѓија“ е исчистен од снежните навеви, а лицата коишто немале можност да се пробијат низ завеаната делница од патот и немале лекови биле безбедно се пренесени во Прилеп, се вели во информацијата на ЦУК.