Најавата дека во Гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир се поставува видео надзор, со камери кои ќе снимаат и слушаат, предизвика изненадување во јавноста, особено имајќи ги во предвид законските ограничувања и специфичноста на просторот кој се планира да биде под надзор. Телевизијата 21 објави информација од вработените во болницата, новите камери ќе го снимаат и тонот во просториите каде ќе бидат поставени. Дури, како што објави телевизијата, имало шпекулации дека ќе е снимаат и породилните сали. Ова е демантирано од писмениот одговор на раководството на болница.
Што до сега се знае околу поставувањето на камерите?
Тендерот за исталирање на видеонадзорот го доби компанијата Пиано Нет ДООЕЛ – Скопје, млада компанија, која е основана во февруари годинава. За период од нецели два месеци, компанијата добила дури пет тендери во вкупна вредност од нешто над 8 милиони денари. Најголемиот тендер е за АЕК, за набавка на компјутерска опрема во висина од над 4 милиони денари. Другите две набавки се за основните училишта Лирија и 8 Март во Скопје.
Тендерот за чаирската Гинекогија е за набавка и импелментирање на платформа за видео надозр и систем за евиденција на работно време. Договорот е склучен на 16 декември и е во висина од 1,4 милиони денари.
Контраверзиите околу поставувањето на видеонадзорот се сведуваат на тоа дали поставувањето на софистицираната опрема ќе значи навлегување во приватноста на пацинетите и вработениот персонал.
Не е новина присуството на камерите за надзор во здравствена установа. Видеонадзор има секаде. При пребарување на здравствените установи на пример, може да наидете на информации како што е во една од приватните болници во Скопје, каде јасно се назначени начините на видеонадзор и за што се користи. На сајтот на болницата пишува дека видеонадзорот се користи за да се контролира пристапот до објекотот и да се обезбеди сигурност на објектот. При тоа јасно е назначено дека „се собираат само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање. Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство“, пишува во објаснувањето.
Законот прецизирал повеќе одредби, што посебно ги засегаат здравствените установи. Како сензитивни информации се сметаат тие што се однесуваат на здравјето на граѓаните.
„Посебни категории на лични податоци“ се лични податоци кои откриваат расно или етничко потекло, политички ставови, верски или филозофски убедувања или членство во синдикални организации, како и генетски податоци, биометриски податоци, податоци што се однесуваат на здравјето или податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација на физичкото лице…. „Податоци што се однесуваат на здравјето“ се лични податоци поврзани со физичкото или менталното здравје на физичкото лице, вклучувајќи и податоци за добиената здравствена заштита, пишува во Законот за заштита на личните податоци.
Покрај законските одредби, видеонадзорот е регулиран и со еврпската Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци, што Македонија ја има усвоено.
Според тоа, видеонадзорот и обработката на податоците добиени со него, оправдано се предмет на јавна дебата, особено што се работи за здравствена установа.
В.К.