Емоции и долг аплауз добија вчера актерите на премиерата на претставата „Бог на колежот“ , која се одржа на големата сцена на Македонскиот народен театар.
На крајот Мина со огромен букет и цврста прегратка ја израдува Весна Петрушевска, која според текстот на Јасмина Реза, ја постави како проект со кој магистрира режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Темата на претстават е врсничко насилство и воедно е и животно искуство на Весна и Мина, која исто така е жртва на врсничко насилство, за кое Бејби зборува со години.
Претставата почна со жесток коментар на стварноста во која живееме, а која е одраз на нрушените семејни односи, лажниот морал, робување на општествените норми и многу други проблеми.
-Ние сме дивјаци, насилни, неандерталци, нецивилизирани, тоа го покажува нашето однесување, а тоа го пренесуваме на нашите деца, вели режисерката Петрушевска.
Два пара родители, кои ги играат Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Симеон Мони Дамевски и Наталија Теодосиева се среќаваат по тепачка меѓу нивните синови, кои ги играат децата од актерската школа на Бејби и тука започнува прикажувањето на врсничкото насилство, кое стана секојдневие.
Дел од овој проект се и Татјана Христоска сценограф, Наталија Терзија костимограф, музичкиот избор го направи Весна,сценските движења се на Кренаре Невзати-Кери, а завршува со песната „Пепел и мрак” која ја пее и ја напиша Игор Џамбазов.