Милош Јанковиќ (18) како 10-годишник ги изгубил сите пет прсти на левата рака поради петарда! Својата приказна ја сподели со своите следбеници на социјалната мрежа „ТикТок“ со надеж дека неговиот пример ќе убеди барем некого да не користи пиротехника, пренесува блиц.рс.
Како што објасни, во левата рака држел петарда и во десната запалка. Наместо петардата ја фрлил запалка. Една секунда подоцна, петардата му експлодирала во рака.
-Всушност, не ме болеше многу во тој момент кога пукна, воопшто немав чувство дека ми се разнесени прстите. Дури подоцна почна да боли – вели Милош во видеото што го објави на својот профил на ТикТок.
@losmijankovic Baci like ako imaš sve prste. #petarde #prsti #poljoprivreda #fyp ♬ Ceo Svet – Nucci & Rasta
Како што им објаснил на љубопитните следбеници во коментарите, десната рака му останала недопрена, па денес ја користи за секојдневни задачи како што се пишување на тастатура, држење чаша и слично.
-Тоа беше пред осум години, тогаш имав само 10 години, не се ни сеќавам за која петарда беше – рекол овој млад човек.
Во тоа време, додава тој, мајка му од шокот не знаела што да му каже, а кога шокот поминал само го прашала дали вреди за последиците.
-Мило ми е ако со мојот пример помогнав некому да престане да фрла петарди – заклучил Милош.