Во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77, режисерот Синиша Ефтимов се осврна на предизвиците и успесите во театарското и филмско изразување. За тоа што е она што ја интригира публиката, што ја привлекува, а што ја оддалечува.
На коментари од слушателите дека можеби публиката ќе ја заинтригира со крајности на сцената, можеби со палење знаме, пеење на химна на албански јазик или со изјава дека Гоце Делчев е Бугарин, Ефтимов рече дека тоа не е театар, а уште помалку комедија.
Тоа не е комедија. Комедија е кога ја гледаме трагичната ситуација од страна и се смееме. Комедијата е трагедија плус тајминг, ништо повеќе од тоа. Различен ракуст на истата ситуација. Дали ќе плачеме или ќе се смееме е избор. Ништо повеќе од тоа. Кога кажувам дека денеска е многу полесно да ја расплачеш публиката, отколку да ја насмееш, тоа е затоа што пубилката е толку многу оптеретена со сè што и се случува, со секојдневните предизвици коишто ги нуди ова општество. Еве денеска немаме вода. Да плачам? Многу е лесно да плачеме, ама можеме и да се смееме. Избор е како гледаме на работите. Имаме луѓе коишто денеска коментираат на социјалните мрежи: „Неспособност на владата“, „неспособност на градоначалникот“, не знам што, и најверојатно се во право од една страна, но од друга страна имаш и други коишто се сеирџии и викаат „Е ако ви е“. Сакам да кажам, едниве се обидуваат да бидат смешни, другиве се обидуваат да бидат сериозни. Кај мене во глава, сите се смешни. И повторно е избор. Многу е лесно да расплачеш некого, нема ништо полесно од тоа. 99% од народот, дали живеат во Македонија, дали живеат во Камбоџа или живеат во Канада, лесно е да ги расплачеш. Се соочуваме сите со истите егзистенцијални проблеми, вели режисерот Синиша Ефтимов.
Повеќе од разговорот на режисерот Синиша Ефтимов, со кратки коментари на актерите Сашко Коцев и Гораст Цветковски, во емисијата „Стадион“ на следниов линк: