Скопје и денеска во топ 10 рекордерите по загадување. Утрово котира на осмата позиција со алармантен индекс на загадување 178.
Kонцентрацијата на штетните ПМ2,5 честички утрово изнесува 95 микрограми на метар кубен високо над горната дозволена граница утврдена од светската здравствена организација.
На листата најзагадени градови во светот тој е во друштво со Индија, Пакистан, Гана, Афганистан, Ирак и е единствен европски град.
По општини утрово најзагадено е во скопската населба Лисиче, потоа следуваат Центар, Карпош, Ректорат, Ѓорче Петров, Гази Баба. Од другите градови во земјава по енормна загаденост се издвојуваат Тетово со индекс на загадување од 153, Гостивар со 124 и Куманово каде индексот на загадување изнесува 135.