Безжичниот „проѕирен“ „ОЛЕД“ телевизор на „ЛГ“ е пуштен во продажба. Станува збор за телевизор со големина на екран од 195 сантиметри, 4K-резолуција, задно осветлување и технологија за безжичен видео и аудиопренос.
Можеби најпривлечна новост на овој уред е изборот на непроѕирна или проѕирна состојба (што е, всушност, снимање и прикажување на позадината), со притискање на едно копче. Има и можност да изгледа како аквариум. Технологијата „ОЛЕД Т“ го користи процесорот „Алфа 11 А1“ (Alpha 11 A1) којшто е четирипати помоќен од процесорот од претходната генерација на „ЛГ“. Графичките перформанси се подобрени за 70 отсто, а брзината на обработка на податоци е зголемена за 30 отсто.
Телевизорот чини 60.000 долари (околу 57.660 евра).
Безжичното испраќање аудио и видеосигнал се одржува со помош на помошното куќиште „Зиро конект бокс“ (Zero Connect Box). Новитет е и тоа што стрим-услугите и конзолите за игри се приклучуваат во куќиштето, наместо во телевизорот.