Во текот на месеците октомври и ноември 2024 година, во рамките на меѓународниот проект NEWAVES, кој претставува колаборативен сојуз за обновување на радиото и зајакнување на медиумите во заедницата во помалку населените области (NEWAVES), беше извршено успешно пилот-тестирање на колаборативна дигитална радио платформа. Оваа платформа претставува значаен извор на содржина, информации и корисни алатки за локалните радио станици во четири европски земји: Португалија, Северна Македонија, Словачка. и Хрватска.
Делот од дигиталната радио – платформа што треба да се користи за проверка на вести со помош на вештачка интелигенција, успешно ги помина двете предвидени фази на тестирање. Во првата тест фаза учествуваа студенти на додипломската студиска програма за мултимедијална комуникација од Instituto Politecnico da Guarda (Португалија), а во втората тест фаза беа вклучени членови на целиот проектен конзорциум.
Во периодот кој следи, Канал 77 се вклучува во тестирање на платформата за Е-учење, како партнер во проектот.
Овие тестови се основа за комплетирање на создавањето на дигиталната радио – платформа пред нејзиното официјално лансирање. Платформата е една од главните цели на овој проект и централна задача на вториот проектен работен пакет (Работен пакет 2 – WP2). Тоа ќе биде од големо значење за локалните радио станици бидејќи ќе им понуди можност да користат различни корисни содржини кои бесплатно ќе ја збогатат нивната програма. Сите радио станици кои учествуваат во проектот NEWAVES ќе имаат пристап до платформата и ресурсите што ги нуди, а во иднина, пристап ќе имаат и други заинтересирани европски локални радио станици.
Создавањето дигитална радио платформа ќе биде една од темите на следниот онлајн состанок на проектот на конзорциумот, кој ќе се одржи на 17 декември 2024 година. На дневен ред на состанокот се предлозите за подобрување на платформата, идентификување на потенцијалните предизвици или потребни дополнителни карактеристики и дискутирање за следните чекори за конечното прилагодување на платформата.
Крајниот рок за давање забелешки, предлози и сугестии за комплетирање на платформата е 10 јануари 2025 година, бидејќи во последната недела од јануари 2025 година во живо, во словачкиот главен град Братислава ќе се одржи третиот координативен состанок на проектните партнери.
Проектот NEWAVES е финансиран преку програмската рамка на Програмата за креативна Европа (CREA) на Европската комисија за поддршка на културата и аудиовизуелниот сектор. Во проектот учествуваат вкупно осум партнери – четири високообразовни институции и четири медиумски куќи, по еден од секоја земја. Носител на проектот е Instituto Politecnico da Guarda (Португалија), а партнери се: Radio Altitude Guarda Sociedade de Comunicação Lda. (Португалија), ТРД Радио Канал 77 (Македонија), Државениот универзитет „Гоце Делчев“ од Штип (Македонија), Универзитет „Александар Дубчек“ од Тренчин (Словачка), РТВ Словачка (Словачка), Академија за уметности и култура во Осијек (Хрватска) и како здружен партнер Хрватското радио – Радио Осиек.
Проектот NEWAVES официјално започна во јуни 2023 година и трае 24 месеци, односно до јуни 2025 година.