Со 900.000 денари од Општина Штип ќе се решава уште едно од барањата на жителите на градот, истакна на денешната средба со новинарите, градоначалникот Иван Јорданов. Станува збор за градежни активности кои се во тек а кои ќе придонесат за уредување на тротоарските површини во населбата Дузлак.
Како што посочи, на улицата „Драги Крупишки“ дополнително ќе се работи на водоводната мрежа на дел од улиците. Јорданов исто така најави и нови детски реквизити во паркот во населбата како и многу нови содржини за сите генерации.
- Овде се уредуваат тротоарските површини на една од најфреквентните улици во оваа населба. Повеќе од 800 метри квадратни тротоарска површина ќе биде истретирана и нешто повеќе од 900.000 денари е вредноста на ова, кое ќе се работи. Во населба Дузлак освен оваа тротоарска површина која ќе се уредува планирано е да бидат опфатени уште неколку улици и со замена на водоводна мрежа, предвидени се дополнителни активности во насока на детски реквизити во веќе постоечкиот парк, истакна Јорданов.
Тој нагласи дека активности во оваа населба ќе има и наредната 2025 година, а тие ќе бидат предвидени во новиот Буџет. На тој начин, вели, населбата ќе добие променета подземна мрежа, обновена инфраструктура и многу нови содржини.