Утрово МВР и Обвинителство спроведуваат голема акција во РЕК Битола.
Акцијата ја потврдија од МВР од каде велат:
-Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата детално ќе ја инфомираме јавноста, велат од МВР.
Според медиумите големо присуство на полиција е забележано пред домовите на неколку поранешни функционери од РЕК кои се поврзуваа со милионски тендери. Наводно биле уапсени биле 29 лица, меѓу кои се споменуваат имињата на поранешните директори на ЕСМ, Васко Ковачевски и Пеце Матевски.
Акцијата се спроведува во неколку градови, вклучувајќи Битола, Велес, Кичево и Скопје.