Во најновото издание на емисијата „Стадион“ на радио Канал 77, гостува Фани Каранфилова Пановска, заменик-претседателка на СДСМ. Во новата улога на опозициската партија, таа говореше за визијата на новото раководство, обврските и очекувањата како дел од обновениот тим на партијата.
Пановска изјави дека одлуката за активно учество на политичката сцена произлегува од силното чувство за одговорност кон граѓаните.
- Иако сè уште не сум формално член на СДСМ, подготвена сум веднаш да излезам на терен низ градовите во Македонија и да тропнам од врата на врата за да ги слушнам потребите на граѓаните, приоритетите во нивните општини, но очекувам и идеи за нови промени. Сметам дека вакиот пристап ќе овозможи градење доверба и генерирање на конкретни решенија за проблемите, истакна новата заменик-претседателка.
Каранфилова Пановска потенцираше дека како еден од главните принципи на нејзината работа ќе биде соработката со луѓе кои исклучиво ќе поседуваат кредибилитет, знаење, искуство и професионализам.
Со вклучувањето на нови луѓе во партијата, СДСМ испраќа порака дека е подготвена за промени, потенцираше Каранфилова Пановска.
„Стадион“ се емитува во живо и може да го проследите на линкот подолу: