Новото издание на фолк фестивалот „Роса“ ќе се одржи вечерва во Домот на АРМ во Скопје.
На сцената ќе бидат изведени нови македонски фолк хитови, кои ќе бидат отпеани од повеќе музички ѕвезди. Ќе настапат „Соната“, Стојне, Тања Јовановска, Татјана Стефановска, Анета Љумаковска, Баже Грујовски, Мишко Крстевски, Ленче и Горан Кукуќ, Нино Величковски, Дамјан Стојановски, Мими Јовановска, „Бендот на браќата Нуне“, „Фортуна“ и други.
Фестивалот и годинава е од ревијален карактер, а единствените награди што ќе бидат се три награди за животно дело.
Едната награда ќе и припадне на пејачката Смиљ Митревска, втората награда за животно дело на текстописецот Огнен Неделковски, а третата на композиторот Мирче Кикиритков.
Фестивалот ќе почне од 20 часот, ќе се снима и доплнително ќе биде емитуван на телевизија Алфа.