Сезоната на слави започна и има многу обичаи кои домаќините треба да ги почитуваат на тој ден. Еден од нив се однесува наславската свеќа. Многумина не знаат во кој период од денот треба да се пали.
Свеќата се пали непосредно пред сечењето на колачот, на денот на славата. Домаќинот се прекрстува, во молитва го спомнува Бога и името на својата слава, ја бакнува свеќата и ја пали со кибрит. Свеќата и нејзината светлина ја симболизираат светлината на Христовото учење. За славата по можност се купува свеќа од вистински восок, обично долга 50 – 60 см, може да биде поголема или помала, во зависност од пригодата и можностите.
Се става во чирак (свеќник) и посебно се украсува. Свеќата гори цел ден на празникот, а кога ќе изгори неколку сантиметри до свеќникот, свеќата се гаси на следниов начин: домаќинот се прекрстува, зема чаша вино, зема една лажичка вино и од неа истура покрај фитилот на запалената свеќа. Виното полека ја гаси свеќата. После тоа, свеќата и свеќникот се ставаат пред иконата или на некое друго празнично место во куќата, таму останува до следната година и се пали за време на заедничките домаќински молитви, пренесува мондо.рс