Пејачот Жељко Самарџиќ откри дека наскоро доаѓа нов член во неговото семејство
-Целото слободно време го поминувам со семејството. Сега најмладата внука е најинтересна… – изјави за „Блиц“.
-Ќерка ми Миња, која често е на моите концерти како придружен вокал, ми вети дека на претстојните концерти ќе пее со големо стомаче, ако може. Треба да се породи некаде во февруари, на свет доаѓа уште една внука. Таа носи ќерка, јас ќе бидам дедо по петти пат! На моја радост – истакна Жељко Самарџиќ со широка насмевка на лицето.
Со децении е во хармоничен брак со сопругата Маја која често го придружува на патувањата.