Мало маче влегло во влез на зграда во Скопје за да се засолни од студот, но било малтретирано од страна на граѓанин. Ова е еден од последните два случаи на насилство врз животните кои ги регистрираше здружението Анима Мунди.
-Само во еден ден ужаснати граѓани испратија до нас пријави за насилство врз животни во Скопје и Велес. Првото, мало маче кое се засолнило од студот во влез и никако предизвикан граѓанин на Скопје со сета сила го шутира и го наведува неговото куче да го повреди мачето – се вели во најновата објава на здружението на социјалните мрежи.
Според Анима мунди, вториот случај е регистриран во Велес. Имено, жител на овој град, кој според сведоштвата не бил никако предизвикан ниту нападнат, се однесувал монструозно и насилнички кон куче.
Апелираме до надлежните институции по допрен глас да постапат и да ги искористат своите механизми за да откријат кои се сторителите и соодветно да ги санкционираат.
Не смееме да бидеме држава во која се толерира насилство врз животни – порачуваат активистите.