Инфлуенсерката Николина Ковачевиќ го сменила полот, па направи шокантна исповед која ги изненади сите, пренесува еспресо.рс.
-Имаше мажи кои не знаеја дека сум го сменила полот, тогаш живеев во странство. Генерално, да трае врската, би им кажала, тоа го кажувам кога е сериозна врска. Зошто на сите би им го кажала тоа, тоа е само еден дел од мене, изјави Николина Ковачевиќ за Хајп.
Инаку, Николина призна дека е во врска со фудбалер.
-Во врска сум со фудбалер… Во моментов преговараме. Јас сакам нешто, тој сака друго. Сакам се од него. Претпоставувам дека заслужив се, но тој не сака да даде се, рече таа со насмевка.
Таа откри дека тој не е оженет, дека е српски фудбалер кој игра „преку“, и дека до сега не ги гледала неговите натпревари.
Николина е родена во машко тело, а родителите и го дале името Његош. Како што кажа и самата, уште од мали нозе знаела дека е жена, поради што собрала храброст и направила медицински третмани, прво хормони, а потоа и естетски корекции за да стане жена. На крајот, Николина ја завршила својата транзиција со операција за промена на полот.
Нејзината мајка ја поддржала во нејзината мисија, а за тамошните медиуми проговорила за односот со нејзиниот татко, кој според нејзиното признание сакал да направи мажиште од Његош.
-Жељко сакаше да го направи Његош тоа што сака, да биде маж. А Николина секогаш беше таму и знаеше дека Његош никогаш не може да биде маж, дека ќе биде она што сега сите го гледаат. Тоа го знаев уште од мала. Не можам да кажам дека Његош му се спротивстави на Жељко, бидејќи немаше простор за такво нешто, не беше можно – истакна таа.