Серијата „Сабља“ оживеа болни спомени од минатото, враќајќи ја во центарот на вниманието Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Во 2003 година, пејачката помина три месеци во Централниот затвор во Белград, откако беше уапсена во рамките на големата акција во која беше пронајдено поголемо количество оружје и воена опрема. Иако против неа не беше покренато обвинение, нејзиниот престој во притвор остави длабока трага.
Петнаесет години подоцна, Цеца за прв пат отворено проговори за тој период од нејзиниот живот, откривајќи детали кои изненадија многумина, меѓу кои и средбата со министерот Расим Љајиќ, кој ја посетил за време на нејзиниот престој во затвор.
-Тој во тоа време беше во посета на Централниот затвор и така дојде кај мене. Човечки ме праша: Цецо, има ли нешто што можам да направам за тебе? Реков: „Да, секако! Ми треба пинцета за да ги поправам веѓите, не ми даваат“ – споделила Цеца и додала дека Расим бил воодушевен од нејзината скромност – изјавила Цеца за „ТВ Нови Пазар“.