Теодор Стојановски од Таеквондо клубот Бутел викендов се закити со сребрен медал на официјалното кадетско Европско првенство во олимписко таеквондо, објави Македонската таеквондо федерација.
Стојановски во категоријата -49 кг на првенството во Тирана, Албанија оствари три доминантни победи над Хараламбос Хаџимаврос од Кипар со 2:0, Јарослав Вечирко од Украина со 2:0 и Шон Џита од Велика Британија со 2:0 во полуфиналето.
Во финалето Македонецот загуби од Нора Бранж од Франција со 2:0.