Меланија Трамп повторно стана прва дама по победата на нејзиниот сопруг на изборите во САД.
По неа во родната Севница е крстена и тортата Меланија, а парче чини околу 4 евра.
„Кога нашата роднина Меланија Кнавс стана прва дама, тогаш се роди идејата за торта Меланија“, изјави своевремено слаткарката Мариета Рак. Таа објаснува дека рецептот за тортата не е тајна: тој е направен од путер, брашно и ореви, но мерките на сите тие состојки останаа непознати.
Потребно: 9 јајца, 300 гр мелени ореви + 3 лажици, 250 гр путер, 400 мл слатка павлака, 250 гр чоколадо за готвење, 250 гр шеќер во прав, 4 лажици брашно, 6 лажици кристален шеќер, половина кесичка прашок за пециво.
Подготовка:
Во тава се матат пет јајца, се додаваат шест лажици шеќер и се матат со миксер додека шеќерот не се растопи. Се додава брашно и прашок за пециво, лесно измешајте со жица за матење, а потоа додадете три лажици мелени ореви и измешајте уште еднаш. Смесата истурете ја во тавче премачкано со путер и печете ја кората 20 минути на 200 степени. Во меѓувреме растопете ја искршената чоколада на пареа. Во сад изматете го преостанатиот путер и шеќерот во прав.
Одделете ги четирите жолчки од белките. Жолчките се матат со миксер, па се додава растопената чоколада и 300 гр мелени ореви. Матете додека не се добие еднолична смеса, па соединете со изматениот путер и шеќер и убаво измешајте.
Испечената кора се сече за да се направат две кори. Првата премачкајте ја со половина од филот, па одозгора ставете ја втората кора, па нанесете го остатокот од филот и премачкајте ја преку целата торта. Оставете го да се излади во фрижидер, а во меѓувреме изматете ја слатката павлака, пишува „Смазиме“. Намачкајте ја тортата од кремот, па додајте украси по желба, пренесува еспресо.рс.