Васко Саздовски, научник од Северна Македонија, загина во петокот во Нови Сад, кога се урна бетонска настрешница од зградата на Железничката станица.
Саздовски работеше една година во Институтот БиоСенс во Нови Сад, каде што се занимаваше со истражување и развој на информатички технологии за земјоделство, пренесува србијаданас.рс.
Секој викенд се враќаше дома во Северна Македонија, каде што живееја неговата сопруга и двете деца.
Со тажни зборови од четириесет и петгодишниот научник се простија и колеги од Институтот БиоСенс.
-Тимот на Институтот БиоСенс изразува најдлабоко сочувство до семејството на нашиот трагично повредени колега Васко Саздовски. Изгубивме голем човек, исклучителен колега и соработник, одличен стручњак, еден од луѓето кои го направија светот подобро место. Институтот БиоСенс сочувствува со болката на роднините на сите жртви во трагедијата во Нови Сад. Почивај во мир – напишале од компанијата во која работел.