МВР информира дека се пронајдени планинарите, кои вчера беа пријавени за загубени.
-На 03.11.2024 во 22.10 часот над селото Пршовце, тетовско, по преземени мерки и организирана потрага, полициски службеници од СВР Тетово во добра здравствена состојба ги пронајдоа 12-те планинари од селата Боговиње, Лисец, Раковец, Пршовце и Тетово, за кои во 21.30 часот А.Р. од тетовско Боговиње пријави дека не можел да стапи во контакт со нив. Во текот на денот тие заминале во планината над село Пршовце за да одат до место викано ,,Доброшки езера”, а последната локација од каде контактирале била кога се наоѓале кај „Три Чешми” во близина на границата со Косово. Лицата биле пренесени во Клиничката болница Тетово на преглед, информираат од МВР.