Постои непишано правило дека луѓето се делат на оние кои пијат чај и оние кои пијат кафе. Но, една жена истакнува дека зелениот чај се истакнува како посебна категорија.
Покрај пријатната арома, таа наведува дека зелениот чај ви дава доволно кофеин за да го стартувате денот. За бенефитите од чајот досега е зборувано многу пати, но што се случува со телото кога ќе пиете зелен чај во период од еден месец? Токму ова е нешто што го открива оваа жена.
Се чувствувам поопуштено
Кафето ме прави анксиозна и нерозна. Меѓутоа, кога преминав на зелен чај открив дека утрата може да ми бидат помалку стресни. Можеби токму комбинацијата на аромата, вкусот и количината на кофеин во една шолја зелен чај, прават да се чувствувам така. Според Управата за храна и лекови на САД, една шолја зелен чај содржи околу 30 до 50 милиграми кофеин, во споредба со 80 до 10 милиграми во една шолја кафе.
За да го надоместам недостигот на енергија пиев по три шолји зелен чај дневно, со цел да се уверам дека ја добивам доволната количина кофеин која ми е потребна. Мислам дека успеа – истакнува таа.
Подобро размислувам
Нејзиниот „нов напиток“ ѝ помогнал подобро да размислува и да биде повеќе фокусирана на секојдневните задачи. Како што наведува, ова било уште едно возбудливо подобрување во споредба со деновите кога пиела кафе.
Крај на проблемите со стомакот
Едноставно, имам многу проблеми со стомакот. Иако уживам во кафето, зелениот чај е тој кој се покажа како смирувачки напиток за мојот стомак и за проблемите со цревата. Открив дека зелениот чај е полн со моќни антиоксиданси кои го намалуваат оксидативниот стрес, но ги намалуваат и воспаленијата, вели жената која смета дека овој чај придонесува во превенцијата од болести.
Помага во процесот на слабеење
Губењето на тежината не ми беше во фокусот, но сепак вреди да се напомене дека зелениот чај помага во напорите за губење на мастите.
Зелениот чај е проучуван поради неговите потенцијални улоги во губењето на тежината. Зелениот чај овозможува телото поефикасно да ги користи мастите како извор на енергија.
Извор: ona.telegraf.rs