Претставници на коалицијата „Вреди“ го демантираат министерот за локална самоуправа Златко Перински и тврдат дека општините можат и имаат законска можност да ја финансираат Албанската академија на науки и уметности. Дури, како што тврди секретарот на општина Чаир, Фарук Невзати, пари се обезбедени од државниот Буџет.
Невзати вели дека со Законот за научно-истражувачка дејност општините имаат право да финансираат научно-истражувачка дејност, во случајов Албанската академија на науките. и уметности.
Конкретно, како што посочува Невзати, во членот 49 став (1) од овој закон, во делот во кој е дефиниран начинот на финансирање на истражувачко-научната дејност, каде што е наведено:
„Средствата за финансирање на истражувачко-научната дејност се обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија во согласност со целите и приоритетите дефинирани со Националната програма, како и во развојните програми од јавен интерес за Република Северна Македонија и од други извори: програмите и меѓународните фондови, единиците на локалната самоуправа, правните лица, личните приходи, легатиите, подароците, тестаментите, дополнителните документи и извори“.
Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски додава дека со ребалансот на државниот Буџет кога дојде ВМРО ДПМНЕ на власт, се зголемени износите за општините раководени од градоначалници – Албанци, со што индиректно е дадена можноста за финансирање на Албанската академија, додека владејачката партија јавно се противи на нејзиното основање.
„Вреди“ во намерата не доби поддршка ниту од владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ, а социјалдемократите информираа дека нивните советници во четирите општини нема да гласаат за буџетите за наредната година. Неодамна, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами кажа дека ќе се дискутира за правниот статус на Академијата со коалициските партнери, која во моментов се води како невладина организација. Нивните очекувања се таа да профункционира наредната година.
Проектот со Албанската академија нема целосно да биде поддржана од општините раководени од кадри на ДУИ. Градоначалникот на Липково од редовите на ДУИ, Еркан Арифи, кажа дека не биле запознаени со идејата на колегите од „Вреди“.
„Ние не ни знаеме каков е предлогот, а немаше ниту јавна дебата и не можеме да одлучиме за нешто што не знаеме за што се работи. Работите треба да се гледа да се решат на ниво на држава, а не на локално ниво“, вели Еркан Арифи.
Академијата била првично презентирана како тело на национално ниво и нема да дадат поддршка за невладина организација.