Скршено стакло, но, за среќа не дошло до експлозија, откако лице фрлило бомба кашикара рано изутрината лице во клуб на партијата ПЦЕР во Тетово. Лидерот Самка Ибраимовски во изјава за новинарите објаснува дека во 4 часот и 23 минути дошло лице пред канцеларијата, го скршило стаклото, ја фрлило бомбата, но таа не експлодирала.
-Лицето имало храброст да се врати назад да види дали е активирана бомбата или не е. За среќа не беше активирана. Да била, сигурно би направила голема штета. Нашиот член од партијата кој утринава дошол во клубот почнал да го мете скршеното стакло без да ја забележи бомбата, па можел не сакајќи и тој да ја активира. Се работи за бомба кашикара од постар тип која има големо разурнувачко дејство. Ние, како политичка партија, немаме забелешки ниту сме се замериле со некого освен некои недоразбирања со извршителите. Дали тоа е причината или нешто друго, се надевам дека набрзо ќе дознаеме“, кажа Ибраимовски пред новинарите.
Во МВР е пријавено и како што информираа, е направен увид на местото. Нема експлозија, скршено е стаклото, потврдуваат.
Ибраимовски очекува видео надзорот да го открие идентитетот на лицето. Можниот мотив го лоцира во активностите врзани за работата на извршителите.
-Единствено со извршителите што го кажував, дали е тоа причината или нешто друго, тоа не можам да кажам, меѓутоа во скоро време ми ветија дека ќе го дознаеме, рече Ибраимовски.