Британскиот пејач и поранешен член на поп групата One Direction, Лиам Пејн е пронајден мртов во Аргентина, соопштија локалните власти, пренесува данас.рс.
Пејн, кој имал 31 година, паднал од третиот кат на хотел во Буенос Аирес, соопшти полицијата.
На местото на инцидентот пристигнала брза помош, но Пејн веќе бил мртов.
„Лиам Џејмс Пејн, поранешен пејач и гитарист на One Direction, почина откако падна од третиот кат на хотел во областа Палермо“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека пред тоа полицијата добила пријава „за агресивно однесување на маж, најверојатно под дејство на дрога или алкохол“.
„Дојдете брзо, гостинот кога е свесен крши се во собата, а животот му е во опасност бидејќи собата има балкон“, пишувало во повикот до полицијата. Кога пристигнале полицајците, го пронашле телото на пејачот кој паднал од терасата на третиот кат“.
Аргентинските власти покренаа истрага и се обидуваат да утврдат што ја предизвикало несреќата.