Дали сте мотивирани кога одите на работа? Се чувствувате ли исполнето кога си заминувате? Условите во кои работиме се тема на следниот подкаст „Да биде појасно“ на Канал 77.
За таа цел конципиравме прашалник за тоа дали културата и односот кон работниците се доволно добри или пак се една од причините за масовно иселување на младите?
Ве прашуваме со што навистина се соочуваме во односот со претпоставените, каква е ситуацијата во приватниот сектор, има ли синдикално организирање и воопшто верба дека тоа е одговорот на проблемите.