Чест ми е што сум почесен жител на Општина Босилово, од каде во селото Секирник е родена и порасната мојата мајка – Нетка Трпческа, родена Бајрактарова, се заблагодари на својот Фејснук провил виртуозот Симон Трпчески.
-Благодарение на градоначалникот Манчев, човек со визии, кој заедно со своите соработници е искрено посветен на развојот на целиот регион којшто поседува многу потенцијал и чиј род е од исклучително значење за голем и значаен дел од територијата од нашата Македонија. Сите да си помагаме за да одиме напред. Многу успех посакувам на целиот тим и нека продолжат со таа убава и позитивна енергија со која ги опсипуваат сите што се во контакт со нив, напиша тој.
И градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев на официјалната Фејсбук страна на општината се пофали со ова признание.
-Мило ми е што еден голем Македонец, голем родољуб, светски признат и почитуван уметник како Симон Трпчески е дел од нашата локална заедница. Да се надеваме дека во иднина ќе имаме можност уште еднаш да го видиме Симон Трпчески на концерт во нашата општина, напиша градоначалникот.
Мајка му на Симон по потекло е од селото Секирник, каде што тој одржа концер, но проектот „Македонисимо“ го промовираше и во селото Збажди, од каде потекнува татко му.