Убава, згодна, самоуверена во стилот „јас па јас“, како и самата што кажа, вчера во Скопје беше балканската ѕвезда Јелена Карлеуша, која на 19 октомври во спортската сала „Јане Сандански“ за прв пат во Скопје ќе одржи концерт.
Карлеуша, за разлика од настапите, дојде костумисана и прилично закопчана и покажа дека не е иста како што ја гледаме на настапи и во секојдневниот живот.
Веднаш на почетокот се огради од озборувањата дека пејачите од Србија доаѓаат во Македонија да заработат и најави шоу, кое досега не е видено кај нас. Затоа, како што рече, она што ќе се заработи од концертот не е ни приближно до она што ќе се потроши за да се направи светско шоу.
-Јас многу ја сакам Македонија и тоа го покажувам со години. Ова е народ кој ме сака мене, кој ја сака музиката и знае да ја цени. Многу сум возбуден бидејќи ова нема да биде обичен концерт – целата турнеја зависи од овој концерт. Мислам дека Балканот досега нема видено ваква продукција и ваков тип на концерт. Не дојдов во Скопје да заработам, ниту да се збогатам, јас сум богата жена, а во Македонија никој од нас не може да се збогати, се борат само за да се пофалат, за да се покажам. Доаѓам на терен каде музиката се цени, за да покажам што знам по 30-годишна кариера. Се надевам дека Скопје ќе ми донесе среќа, ова е почеток на мојата турнеја. Така да од вас се зависи, рече Карлеуша на почетокот и додаде:
-Се додека имам потреба и желба да се докажувам и се додека не сум го постигнала максимумот работата ќе ја работам со страс. Да се биде Карлеуша на Балкан не е лесно, луѓето ме гледаат како вонземјанин. Никогаш не се вклопив во тие балкански стереотипи иако приватно сум една нормална жена којаплаче, се смее, има проблеми, среќна е, тажна е… Но, најважното зошто траам толку години иако многу пати сум неразбрана, оспоравана, јас ја сакам работата и се додека работам со љубов ќе бидам тука кај што сум, рече таа.
Карлеуша за свој најголем успех го смета тоа што трае 30 години и што секогаш интересна. Бидејќи, како што вели, ако сите ве сакаат тогаш сте Лепа Луќиќ и тоа е многу досадно.
-Не сметам дека работата на уметникот не е сите да го сакаат. Јас секогаш чувствував дека можам Балкан да го приближам на светот. Но, ако некој замине во свет, не е важно ако дома не постигне успех. Не сум за пензија. Се уште добро физички изгледам. Шоубизнисот е суров, за разлика од жените, мажите може и да пуштат стомак, да побелат, а на жените тоа не им се простува. Тоа што јас го облекувам не е мода за секој, рече таа, па се надоврза на модата и нејзиното облекување.
-Модата не треба да биде функционална, да треба да се облекуваме за да ни биде удобно и топло. Сите мои костими се неудобни, после концерт јас сум како инвалид. А сакам да носам потпетици, сакам да имам струк, се да биде стегнато, а не можам да дишам. Она што јас го носам не е тоа што треба да се носи на улица и не е мода за секого. Тоа му го кажав и на бившиот сопруг, на кој тоа му беше главен проблем. Кога се заљуби во мене му реков дека се заљубил во жена која е секси, која секси се облекува и дека бракот од мене нема да направи кафекуварка, туку да ме прифати таква каква што сум. На крајот се разведовме и не го прифати мојот совет, рече Јелена во свој стил.
На крај неизбежно беше а да не прозбори за разводот со Душко Тошиќ, со кој бе 17 години во брак.
-Јас се разведов од адвокатите. Сега мојот бивш сопруг не се појави. Веројатно не можел или не знам. Не славев бидејќи кога се руши семејството нема што да се слави. Но, ако не се борат двете страни, тоа е осудено. Јас не верувам во институцијата брак. Мислам дека семејството и бракот мора да се основаат на почитување на жената. Не љубов. Таа заљубеност доага и по едно две години страста и заљубеноста ги снемува, затоа мора да има почитување. Тој момент кога ќе го снема почитувањето го снемува и бракот. Само браковите каде жената се почитува се вистинските бракови, рече Карлеуша.
(В.М.)
Фото: Вангел Тануровски