Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Душко Иванов и од СДСМ, Благој Бочварски се дел од најновото издание на емисијата Стадион на Канал 77.
Зборувајќи за сработеното во текот на изминатите 100 дена од владеењето на новата владејачка гарнитураа, како и за сработеното со години наназад, отворено беше и прашањето за евроинтегративниот процес како и за сите чекори превземени од страна на минатата власт, кои резултирале со ова што денес го живее македонскиот народ.
Уште во претходниот состав, парламентарната група на ВМРО ДПМНЕ понуди донесување на национална стратегија со која ќе бидат поставени црвени линии и со која ќе се знае до каде може да се оди со условите во преговарачката рамка, но од СДСМ истата беше одбиена.
Рече во денешното гостуавње во Стадион, паретникот од ВМРО ДПМНЕ, Душко Иванов, во одговор на прашањето зошто конечно двете најголеми македонски партии не се обединат во единствен став за подобра евроинтеграција и подобра иднина на земјава.
- ВМРО ДПМНЕ понуди во парламентот да се донесе една државна, национална стратегија, беше одбиена од СДСМ и тоа го знае целата јавност. Имаа подадена рака да се донесе една декларација, црвена линија да не се отстапува во делот на преговарачката рамка, истакна Иванов.
На ова пратеникот од СДСМ, Благој Бочварски одговори дека била донесена декларација во Собранието од страна на Владата со одредени оврски за сите идни влади, која ВМРО не ја изгласале туку ја напуштиле седницата.
- Во тоа време беше донесена една декларација во Собранието во која стои дека се обврзуваат сите идни влади дека нема и не смеат да прават никакви отстапки во однос на националните стратешки интереси и црвените линии, каде се наведени јазикот, историјата итн, На таа декларација ВМРО, излегоа и не гласаа, вели Бочварски
За состојбата пред и по добивањето на власта од страна на ВМРО ДПМНЕ, за сработеното во изминатите 100 дена, за пропустите и погрешните чекори во преговарачкиот процес и многу повеќе следете во најновото издание на емисијата Стадион на Канал 77. Гости во студио пратениците Душко Иванов од ВМРО ДПМНЕ и Благој Бочварски од СДСМ.