Анџелина Џоли на Инстаграм профилот објави серија фотографии од нејзиниот креативен колектив Atelier Jolie, а на една од нив е раперот Акала, со кој актерката се поврзува веќе извесно време. За време на викендот раперот (40) бил на настан организиран од 49-годишната Џоли.
Џоли и Акала се видени заедно неколку пати, а извори за Пипл изјавиле дека тие се само пријатели. Сепак, се шпекулираше дека се забавуваат откако Акала им се придружи на Анџелина и нејзините ќерки Захара и Шајло на книжевниот фестивал Калабаш во Јамајка минатиот мај. Шест месеци подоцна тие беа заедно во Милано.
Гласините се засилија кога беа видени како заминуваат заедно од хотелот во Венеција каде актерката престојуваше за време на филмскиот фестивал во август. Ин Тач тогаш напиша дека со раперот се гледа повеќе од една година.
Раперот ѝ се придружи на Џоли пред два дена на премиерата на нејзиниот филм „Марија“ во Њујорк на филмскиот фестивал. Изворите тврдат дека Акала и Џоли имаат заеднички интерес за активизам.
„Тие ја делат истата страст кога станува збор за социјални и хуманитарни цели. Тие соработуваа неколку пати во текот на годините и се фокусираа на глобалните прашања како човековите права. Енџи многу го фали“, велат изворите, пренесува индекс.хр.