Актерката Елизабет Харли (59) со децении ја носи титулата секс симбол, а сега познатиот магазин „Максим ја прогласи за најзгодна жена на светот.
На нивната листа на 100 најсекси жени во светот, британската ѕвезда го зазеде убедливото прво место и со тоа го задржа статусот на една од најпосакуваните и најубавите жени во светот.
Елизабет Харли има 59 години, а на нејзиниот младешки изглед ѝ се восхитуваат двојно помладите жени. Таа останува доследна на нејзиниот имиџ, ја обожава својата мала фарма и сопствените производи благодарение на кои одржува беспрекорна линија, има препознатлива и блескава насмевка.
Елизабет заплива и во светот на модата, лансирајќи ја својата линија костими за капење, а од година во година е се подобар модел и најдобра реклама за себе.
На социјалните мрежи редовно објавува фотографии од колекцијата на Елизабет Харли Бич.