МВР информира дека вчера во 13:18 часот во СВР Скопје било пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на Чаир во Скопје, бил пронајден починат А.О.(26) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.