Додека СДСМ ги поддржуваше граѓаните во време на ковид кризата ДПМНЕ опструираше.Владата предводена од СДСМ не само што успешно менаџираше со здравствената криза предизвикана од Ковид – 19 туку успешно се справи и со економските последици кои ги предизвика, реагираат од СДСМ.
-СДСМ вистински ги поддржуваше граѓаните и компаниите. На почетокот на Ковид-19 кризата, веднаш одговоривме со директни мерки за поддршка на секое работно место и нарушен бизнис и спасивме над 120.000 работни места. Со неколку пакети и директни мерки ефикасно и успешно реализиравме помош од над 550 милиони евра, директни трансфери кон граѓаните и корпоративниот сектор, а со дополнителните субвенции помошта за целата економија достигна 1,1 милијади евра или 10% од домашниот БДП. Сите сегменти кои беа погодени од кризата беа опфатени. А што правеше ВМРО-ДПМНЕ за време на Ковид кризата, рашаа од партијата и ддадоа:
-Седеше на страна и опструираше, спроведуваше блокада на помошта за граѓаните и компаниите во македонското Собрание. Ништо друго. Дури не се ни срамат денеска од тоа. Па шест години ВМРО-ДПМНЕ ја блокираше изградба на Клинички центар, а претходно десет години ја лажеа јавноста дека ќе го изградат.Зад таа лага со години сведочеше оградената парцела со лимени тараби. Не поминуваат овие лаги на ВМРО-ДПМНЕреагираат од СДСМ.