Американката Сара стана вирална на социјалните мрежи кога објави видео од нејзината баба како го прославува својот 90-ти роденден.
Сара објави видео од прославата на нејзината баба и многу брзо собра повеќе од милион прегледи.
“Баба ми и пркоси на биологијата. Денеска полни 90 години. Има проблем со одење, но е многу активна во семејниот живот. Друштвена е и секогаш сме со неа”, напишала Сара во описот.
@buona_sarah_ I cannot believe she’s 90. Happy Birthday Grandma! 💗 #grandma #grandmasoftiktok #italian #90yearsold #foryou #fyp #foryoupage #viral #birthday ♬ This Will Be (An Everlasting Love) – Natalie Cole
Бабата на Сара е Италијанка родена 1934 година и она што сигурно ќе го забележите е дека нема ниту една брчка на лицето, па многумина коментираа дека нема да и дадат повеќе од 60 години.
По безброј коментари кои го пофалија лицето на оваа жена, Сара реши да ја открие тајната на нејзиниот младешки изглед. Всушност, нејзината баба користи ретинол за своето лице повеќе од 40 години.