По спектакуларните белградски концерти, најголемото балканско шоу конечно доаѓа и во Скопје.
Балканската мегаѕвезда и највозбудлива пејачка во регионот и пошироко Јелена Карлеуша доаѓа на голем, спектакуларен концерт во Скопје.
Балканската дива со шоу кое за сите останати е недостижно и далеку пред времето, како дел од турнејата „ALPHA & OMEGA“, која ја започнува од македонската престолнина!
Концертниот спектакл со специјални светлечки и видео ефекти, лед скринови, ласери… и бројни еротски кореографии на атрактивните танчарки кои ја придружуваат на сцената е закажан за 19-ти октомври, сабота,со почеток во 20 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје, во организација на “Event Group“ продукција.
Билетите можат да се набават на објавените продажни места низ Македонија, како и на зададените телефонски броеви.