Аром Арунрој (64) четири часа преживаела агонија во прегратка на питон од 4 метри во Тајланд се додека полицијата не ја пронашла и не ја спасила.
Како што опишала, нејзината авантура започнала додека миела садови, кога наеднаш почувствувала каснување на десната нога. Најпрво мислела дека е гуштер, но кога видела дека се работи за питон се обидела да му побегне и како резултат на тоа паднала, а змијата тешка 20 килограми се обвила околу неа.
Два часа по нападот на змијата, соседот го слушнал врисокот на жената и ја известил полицијата.
„Се плашев дека питонот ќе ме убие, па почнав да врескам. Никогаш не сум била повеќе преплашена. Змијата не ме пушти. Верувам дека чекаше да умрам за да ме изеде. Така, се молев и се надевав на најдоброто“, изјавила таа, чии раце веќе биле вкочанети од стисокот на питонот, по нејзиното спасување.
Според портпаролот на полицијата, биле потребни 30 минути откако ја забележале жената за да ја ослободат пред да го пуштат питонот да избега во блиската шума, пренесува грчкото е-радио.