Полицијата информира дека вчера во полициската станица Драчево бил извршен службен разговор со малолетник од скопско.
Според МВР, против малолетникот имало пријава дека на социјална мрежа споделил фотографии со експлицитна содржина од неговата малолетна девојка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.