Родител на пет деца од делчевското село Тработивиште бара материјална помош за подобрување на условите за живот во нивниот дом во селото.
Ариф Асанов, кој заедно со неговата сопруга имаат скромни примања, не е во можност сам да купи материјал за оспособување на простор за основни хигиенски потреби заради што реши да ја побара поддршката од хуманите граѓани.
-Две собички имам, сакам да доуредам простор за купатило, а и покривот исто е паднат. Само јас сум вработен, жената се грижи околу децата. Тие одат на училиште, а јас со моите примања не можам да успеам да направам купатило. Една плата е, сакам, но не можам да постигнам, вели Асанов.
Доколку обезбеди материјал, вели дека сам ќе ги заврши градежните работи, а добил ветување од соседите дека и тие ќе му помогнат.
-Знам да работам со малтерација и комшиите ветија помош. Мора да го направам, ќе пораснат децата, нема кај да се избањаат. Инаку моментално јас и едната ќерка заедно спиеме во една соба, другите се во другата соба. Ако има материјал и за друга соба ќе ја направам. Сите кои сакаат да помогнат нека ме контактираат на 078/714-689, додава Асанов.
Поради ниските примања по завршувањето на работата Асанов собира пластични шишиња за да го прехрани семејството. Од нив, како што вели, успева да обезбеди 1500 денари за да го надополни и онака скромниот буџет.
Остава, како што вели, хуманите граѓани да го слушнат неговиот апел и да помогнат да обезбеди подобри услови за живот во тројната куќичка во Тработивиште.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Неистакнување на македонското знаме при посетата на Претседателката Сиљановска Давкова на Бугарија е резултат на:
- Непочитување на државата Македонија (55%, 808 Гласови)
- Наивност на актуелната власт, а посетата превид на Кабинетот на Претседателката (17%, 254 Гласови)
- Порака дека нема дијалог додека не се исполнат бугарски условувања (13%, 185 Гласови)
- Превид на протоколот, се прави афера од ништо (9%, 136 Гласови)
- Порака дека Претседателката не е добредојдена (5%, 77 Гласови)
Вкупно гласови: 1.460