Денес во просториите на Винчини Развоен центар се одржа првиот академски час на единствената национално сертифицирана програма за пекар, слаткар и кондитор, Винчини Академија. На свеченото отворање учесниците имаа можност да слушнат повеќе за наставната програма и да ја посетат модерната лабораторија во која ќе се одржува практичниот дел од предавањата.
Генералниот директор на Макпрогрес, Глигор Цветанов, кој стои зад оваа Академија, им посака добредојде на учесниците и ја истакна важноста на неформалното образование и континуираното учење.
Оваа Академија, не само што се стреми да ги надогради професионалните капацитети на младите, туку има и повисока цел, а тоа е креирање работна сила и спречување на иселувањето на младите од Источните краеви на земјата – истакна Цветанов.
На свеченото отворање присуствуваше и Академскиот директор на програмата, Фросина Мешкова, како и инструкторите, кои своето знаење и искуство ќе им го пренесат на првата генерација учесници во Винчини Академија.
Винчини Академија нуди идеални услови за учење, напредување и професионален развој преку практична работа и едукација, која ќе се одвива во Винчини Развоен Центар, опремен со најсовремена технологија за развој на нови прехранбени производи.
Сите заинтересирани кои се веќе дел или сакаат да навлезат во светот на пекарско-слаткарската индустрија се добредојдени да аплицираат и да станат дел од Винчини Академијата.
Програмата е поддржана од страна на Европската банка за обнова и развој и Владата на Јапонија, а е имплементирана од консултантската компанија Приме Поинт Партнерс.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Неистакнување на македонското знаме при посетата на Претседателката Сиљановска Давкова на Бугарија е резултат на:
- Непочитување на државата Македонија (55%, 808 Гласови)
- Наивност на актуелната власт, а посетата превид на Кабинетот на Претседателката (17%, 254 Гласови)
- Порака дека нема дијалог додека не се исполнат бугарски условувања (13%, 185 Гласови)
- Превид на протоколот, се прави афера од ништо (9%, 136 Гласови)
- Порака дека Претседателката не е добредојдена (5%, 77 Гласови)
Вкупно гласови: 1.460