Сезоната во македонската клупска кошарка ќе биде отворена со натпреварите од Суперкупот на Македонија.
На 28. септември, во СРЦ „Кале“во Скопје, четирите најдобри клубови од ланската натпреварувачка сезона, во двете конкуренции, ќе се борат за трофејот.
Програмата во СРЦ „Кале“ ќе стартува од 17 часот, со натпреварот во женска конкуренција, во кој ќе се сретнат шампионот Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица и „предивикувачот“ МЗТ Скопје Аеродром.
Од 19:30 часот во битка за трофејот во ова натпреварување ќе играат МЗТ Скопје Аеродром, кој ги брани пехарите освоени во ланската сезона и битолски Пелистер, кој има две вицешампионски места до кои стигна во плеј-офот, односно финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.
МИА