Деновиве се исплатени првите надоместоци на членовите на Избирачките одбори, кои имаа сериозна задача да ги спроведат двојните избори во текот на април и мај. Како што ни потврдија од Државната изборна комисија, исплатата е започната, но се’ уште се работи на проверката на личните податоци на членовите.
-Денеска се пуштени налозите за една група, деновиве ќе следат исплатите на останатите. Има уште многу проверки кои мора да се направат пред исплатата, бидејќи се работи за 35.000 учесници, информираа од ДИК.
Доцни исплатата за Избирачките одбори. Прво се чекаше на пари со ребаланс на државниот Буџет, по што беше соопштено дека има обемна работа со проверка на податоците за секој од членовите на ИО.