Пожарникарот Александар Ѓоргиевски од Штип кој за време на пожарите во овој регион за малку ќе го загубеше и својот живот на социјалната мрежа Фејсбук раскажа дека добил опомена пред тужба за долг од 1.250 денари спрема штипската болница каде останал три часа, откако го однеле неговите колеги онесвестен.
„Ова го има само во оваа северна вукојебина и никаде на друго место на свет“, со право пишува штипскиот пожарникар.
За да биде резилот уште поголем пожарникарот откако ја примил медицинската нега пред да излезе од болницата прашал дали треба да се подмири сметката за интервенцијата, но не добил никаков одговор. Еден месец по овој немил настан пожарникарот добил опомена пред тужба дека останал должен на штипската болница.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата од пожарникарот Ѓоргиевски интегрално, а објавена на неговиот Фејсбук профил:
„На 30.07.2024 работно за влакно не го загубив животот работејки ја својата пожарникарска работа кога беснееја пожарите ми се случи немил настан и бев примен на интезивна нега каде ми е пружена помош и каде бев згрижен три часа пак ќе напоменам на работно место се случи и за влакно не го загубив животот благодарејки на Dalibor Gorgiev и моите колеги кој ме најдоа без свест и да не биле тие денес немаше да бидам меѓу живите .
Истиот ден сам побарав да бидам пуштен и од наредниот ден веднаш се ставив на располагање на Тппе Штип на мојата единица нити сакав да земам боледување нити барав било што бев контактиран од Општина Штип чесно достоинствено и на нив им соопштив и на мојот командир дека од наредниот ден јас ќе си одам на работа иако сите ми велеа да си седам дома и дека треба да одмарам неколку дена јас тоа го одбив .
Си прашав таму кога ме пуштија на мое барање со мој потпис прво им се заблагодарив на персоналот потоа си прашав да не треба да се плати нешто буквално никој ништо не ми кажа и еве после месец дена ми стига опомена пред тужба 1250 денари сум останал дужен на Клиничка Болница Штип ( интезивна нега )
Ова е се само држава НЕ а на менаџментот на Клиничка Болница Штип јавно му се обраќам акајте ТУЖБА мака немајте не се проблем 1250 те денари проблем е овој трул систем оваа банана држава од која се срамам и јас и секој еден Македонец !
Споделувајте сите да се знае како на нас Пожарникарите кој се боревме на 50 степени со огнените стихии ни враќа системот. институциите. Arben Taravari Македонија вака горда ќе ја праиме ?“, го прашува пожарникарот Ѓоргиевски министерот за здравство.