Синоќа околу 21 часот во пукање во Арачиново повредено е момче од 24 години, кое веднаш е пренесено во болница.
-На (28.08.2024) околу 21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Арачиново било пукано кон А.И. (24) од с.Арачиново, кој се здобил со повреди и е пренесен во комплекс клиники ’Мајка Тереза’ за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.