Исплатата на средствата за тримесечјето април-јуни веќе се реализира и се очeкува целосната исплата да заврши до крајот на оваа недела, информира Управата за јавни приходи.
Подготвени се налози за исплата за близу 450 илјади граѓани, а денес на повеќето од нив веќе им се исплатени средствата.
„Исплатата продолжува и во наредните денови од оваа недела се до целосна реализација кон граѓаните кои имаат уреден запис за трансакциска сметка во самата апликација. Апелираме до граѓаните кои имаат грешен запис за трансакциска сметка или воопшто немаат запис за трансакциска сметка, најбрзо да ја внесат точно својата ЛИЧНА трансакциска сметка за да може да им биде извршен повратот!“, повикува УЈП.