Припадници на МВР во Лесковац го уапсија дедото Ѓ. З.(94) од околината на Лесковац поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тешка телесна повреда.
Како што дознава република.рс, тој е осомничен дека завчера со дрвена палка неколку пати го удрил 96-годишниот сосед, по кратка расправија, а од ударите му го отворил черепот на соседот.
На повредениот му била укажана лекарска помош во Општата болница во Лесковац, а потоа е пренесен во Клиничкиот центар во Ниш.
На осомничениот по надлежност на Основното јавно обвинителство Лесковац одредена му е мерка притвор во траење до 48 часа, а со кривична пријава е изведен во обвинителството.
Како што дознава република.рс двајцата и претходно имале несогласувања, но никогаш дошло до физичка пресметка.
-Што да ви кажам, и јас сум изненаден од тоа што слушнав дека се случило. Тие двајца, секој би рекол, едвај одат, но се гледа дека се способни за тепачка. Не знам што им требаше, искрено сум изненаден. Стари луѓе така да се срамотат. Слушнав дека овој е во болница. Не знам како му оди, но можам само да замислам бидејќи е многу стар. Замислете да удирате некого со дрвена палка по глава додека не му пукне черепот, навистина страшно – вели познаник на старецот и додава:
-Искрено, овде во соседството сите се изненадени и шокирани. Можеше да го убие својот сосед. Којзнае, можеби малку да се напиле, па се расправале и така настанал проблемот. Дај боже старецот да биде добро, кога веќе доживеал толкава старост.