По обилното невреме што го зафати нашиот град и за кратко време беа наврнати големи количества на дожд, град и силен ветер, настанати се последици од ова кратко, но силно невреме, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук.
„Се апелира до граѓаните да останат во своите домови затоа што некои улици се блокирани од паднати дрва, на некои места е излеана реката Луда Мара и има наноси од силното невреме. На терен се службите на ЈП Комуналец како и ТППЕ Кавадарци.
Исто така се апелира до граѓаните доколку имаат било каков проблем од настанатото невреме да пријават на телефонските броеви на ЈП Комуналец, ТППЕ Кавадарци и на 13 300“, пишува на Фејсбук Јанчев.
Тој објави фотографии и видео од невремето во Кавадарци.
Видеото може да го погледнете на следниов Линк.