Владата на седницата што ја одржа денеска го задолжи Јавното претпријатие за државни патишта да се изработи проектна документација за изградба на обиколница на Кавадарци.
-Општина Кавадарци и Тиквешкиот регион имаат потреба од изградба на обиколница на градот, имајќи го предвид целокупниот товарен и патнички сообраќај на возила кои транзитираат низ општината, и истиот се одвива преку примарната и секундарна мрежа на сообраќајници, што во голема мера придонесува за уништување на изградената сообраќајна инфраструктура и изложување на Општината на дополнителни оптеретувања на буџетот секоја година, како и за поголем развој на Тиквешкиот регион, информираат од Владата по завршувањето на седницата.