Полицијата информира дека вчера, околу 14:50 часот била пријавена кражба во кабинетот на градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Од полицијата информираат дека, според пријавата, во просторијата било влезено насилно.
-Одземени биле три лап топ компјутери и еден фотоапарат, истакнуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.